Пред еден месец предупредив на недоследности во тендерската постапка. Тогаш Владата и Бислимовски оркестрирано излегоа за да кажат дека нема ништо спорно и дека ни било криво за тоа што проектот ќе успеел. Но толку им е знаењето. Тогаш јавно кажав дека за жал Владата ниту има капацитет, ниту знаење, а ни визија за тоа да го направи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот Прес 24.

Мицкоски објаснува како грчкиот инвеститор за Чебрен е доведен во заблуда.

„Во првата одлука на Владата конкретно во членот 5 се наведени процедурата и условите кои што ги донела владата и таму е пропишано дека државата ќе и ја подари ХЕЦ Тиквеш на компанијата што ќе ја добие оваа набавка после три месеци од датумот на започнување на изградбата. Втора одлука се носи веќе во месец февруари истата 2020 година, само еден месец подоцна, од страна на техничката влада на Оливер Спасовски и оваа одлука е за изменување на претходно донесената одлука со што со новиот акт членот 5 ставот 3 се брише“, објаснува Мицкоски.

Практично, додава Мицкоски, Владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев.

„Она што е фрапантно е што тие во повикот за доделување на концесија се повикуваат на поништената одлука, но модифицирана. Односно, поништената одлука или првата одлука која што ја донела владата вели дека државата на добитникот ќе му ја отстапи ХЕЦ „Тиквеш“ за три месеци откако ќе почне градбата. Владата на Ковачевски повикот го спроведува на непостоечка одлука. На 14 септември 2023 година се носи одлука на Влада каде што се избира најповолен понудувач за Чебрен односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука се повикува и на двата Службени весници каде се објавени претходните одлуки, и онаа во која се вели дека ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, и онаа во која тоа се брише“, кажува Мицкоски во интервјуто.

Мицкоски заклучува дека „јасно е дека процесот е фалименто, и дека ќе удрат во ѕид“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.