Криминалците нема да профитираат од проектот со Коридорот 8, односно изградбата на кракот до границата со Бугарија, а Владата со помош на Брисел ќе најде техничко решение, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Во комуникација сме со одговорните во Брисел, подготвени сме на технички дијалог. Ја прифативме понудата да учествуваме во процесот во Брисел во кој заедно ќе најдеме техничко решение. И добро е што се изборивме да не потрошиме најмалку 500 милиони евра пари на македонските даночни обврзници и 250 милиони евра пари на европските даночни обврзници во процедура полна со технички недостатоци и основано сомнение за корупција и криминал, изјави Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден, Мицкоски побара трпеливост во однос на прашањето за пријавување на понудениот поткуп за реализација на проектот.џсс
Според него, добро е што граѓаните нема да потрошат половина милијарда евра за изградба на, како што нагласи, пола тунел во слепа улица и дека на 30 семејства од Крива Паланка нема да им бидат урнати куќите, туку ќе најдат начин како сето тоа технички да го направат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.