Се спрема епски криминал на бегање. Повеќе од 140 милиони евра тендери се подготвуваат во РЕК Битола. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милјарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Однапред ќе ви кажам дека тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и кои се омилени фирми на неколкумина од власта. И ќе го доделат тендерот за ископ на јаглен и јаловина на омилениот конзул на една источна земја бидејќи се европски фронт ама не им смета да доделуваат вакви јавни набавки на конзули коишто се од источни земји коишто имаат санкции од ЕУ. Тоа е во вредност од повеќе од 40 милиони евра – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој упати и апел:

Апелирам до луѓето коишто се во ЕЛЕМ, до генералниот директор и до вработените и во рудникот и во термоелектраната лично за неколку месеци од денеска ќе се занимавам со овие две набавки. И јас им ветувам дека секој оној кој ќе стави потпис на оваа јавна набавка ќе биде изнесен пред лицето на правдата и ќе одговара за тоа што го пљачка народот за да ги полни џебовите на неколкумина кои се спремаат да бегаат после 8 мај. Лично ќе се занимавам, а верувајте имам големо искуство и знаење посено во делот на енергетиката. Иточно знам што правите и што се подготвувате да направите. Нема да дозволам овој сиромашен народ дополнително да биде пљачкан од овие политички криминалци кои што се во заминување. Ова не е закана, ова е предупредување. И со ова лично ќе се занимавам ако се случи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.