Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ оствари средба со туристички работници кај автопатот Кичево Охрид каде беше потенцирано дека е приклучен, од секој од нас ќе зависат промените, и тоа што го гледаме на јавните мерења акламативна е поддршката за промени во Македонија на политичката сцена.

Мицкоски истакна дека автопатот Кичево – Охрид не е приоритет на оваа влада, туку се трошат 200 милиони евра на проекти кои не ги гледаме и додаде дека овој проект ќе биде еден од приоритетите на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова ќе биде приоритет уште од првиот ден на новата влада, да оваа делница биде направена и пуштена во употреба. Планираме да прв приоритет ни бидат  проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти.

Од страна на туристичките работници беше истакнато дека во моментов коментарите се за лошата патна инфраструктура, има групи кои слетуваат на скопскиот аеродром и не им е јасно како до Охрид се патува 4 часа.

– Автопатот под итно мора да се заврши, сите кажуваме едно исто, никој не е задоволен, ни домашните, ни странските гости. Треба да се направи план кој ќе го следат идните генерации и за следните 50 години да знаеме како ќе изгледа ова место, велат тие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.