Премиерот Христијан Мицкоски вели дека одреден дел од маркетите не ја почитуваат мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, но онаму кадешто трговците се придржуваат до неа, цените се пониски за околу 10%.
-Можам да кажам дека сме исклучително задоволни за тоа што се случува во одредени маркети, не во сите, бидејќи во некои имаме, за жал, и шпекулативно однесување. Но, онаму кадешто се намалени цените, тие се намалени, со оваа т.н. „Есенска кошничка“, некаде и повеќе од 10%. Посебно тоа се однесува на производите коишто се од житарици, рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашања, премиерот вели, стапката на инфлација во август е 2,2%. На стабилизирање на цените, според него, придонела и „Ученичката кошница“ бидејќи цените приборот и сѐ што е неопходно за образовниот процес се намалиле за 25%.
-Не така одамна, пред една година стапката на инфлација беше и повеќе од 20%. Тоа беше директен удар врз стандардот на граѓаните. Значи сега имаме ниски цени, инфлација којашто е најдобра во регионот и една од најдобрите во Европа. И уште повеќе ќе правиме, ќе носиме нови мерки и политики за да ја спуштиме уште подоле инфлацијата. Се сеќавате, претходната Влада кажуваше дека инфлацијата е увезена иако таа во тој момент беше двапати повисока од Европската унија. Сега кај нас, што треба да кажеме што е двапати пониска од ЕУ?, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.