ТЕЦ Неготино во моментот станува и во разговор меѓу нив за продажба и како што е владеењето на СДСМ во минатото, секогаш е со авантуристички политики кои што секогаш завршуваат со продавање на државните капитали, тоа го гледаме сега и со ТЕЦ Неготино, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022“.
Митева нагласи дека 2022та година е година на предизвици за Македонија во однос на справување со енергетската, економската, како и здравствената криза, заклучувајќи дека како ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат се од себе за справување со ова, бидејќи како што рече таа Македонија нема кредибилна влада која што може да се справи со сето она кое што допрва не чека.
Можеме да заклучиме дека иднината секогаш е неизвесна, но сосема можеме да предвидиме дека 2022та година ќе биде година со сериозни предизвици за Македонија, по однос на енергетската, економската, а и здравствената криза. Но, она кое што навистина е од голема важност и искрено ме плаши е тоа што немаме кредибилна влада која што ќе може да се справи со сето тоа што не чека. Имаме сосема делегитимирана влада, влада без доверба од страна на граѓаните, со навистина кревко парламентарно мнозинство и тоа се предизвици кои што навистина треба да се справи како можеме и да дадеме како опозиција во однос на тоа, истакна таа.
Митева е децидна дека единствен начин за решавање на предизвиците со кои се соочуваат и граѓаните и државата се предвремените парламентарни избори.
Оваа влада на СДСМ/ДУИ е влада која што во моментот по секоја цена сака да ја задржи власта без притоа да размисли како ќе се справи со сите предизвици кои што не чекаат во 2022та година. Начинот на кој што е составена владата е јасен, начинот на кој што се додели мандатот на Ковачевски е повеќе од очигледен, така што ценам дека предвремени парламентарни избори се единственото решение кое што треба да го имаме за доброто на сите граѓани во Република Македонија, порача Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.