Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата на денешната седница ќе го разгледа ребалансот на Буџетот, но ќе расправа и околу потребата од евентуално продолжување на кризната состојба.
Бектеши апелира граѓаните да не стравуваат зашто, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини.
-Во моментот Комисијата ги разгледува сите опциии – дали треба да продолжи кризната состојба или не, ако треба да се продолжи или тоа се предлага од институциите, тоа треба да го направи Собранието. Ние ќе предвидиме средства, тоа е наша обврска, да се подготвиме навреме ако продолжи кризата во Украина, истакна Бектеши.
Според него, Министерството за економија предлага да нема дирекно замрзнување на цените.
Бектеши повтори дека со ребалансот се предвидени кратења на трошоците во институциите за да има средства за креирање мерки кои би ги заштитиле граѓаните и стопанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.