Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информира дека се уште траат преговорите со ТЕ-ТО, но тој очекува, како што рече, дека ќе се најде решение.

-Во однос на парното кое треба да почне од 15 октомври се преговара со раководството на ТЕ-ТО. Убеден сум дека ќе се најде решение. ТЕ-ТО би било поддршка и би било добро да функционира. Убеден сум дека ќе функционира, како лани кога се најавија вакви проблеми, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Стопанската комора со 10-те компании најголеми потрошувачи на електрична енергија.

Според Бектеши, јавноста ќе биде информирана во моментот кога ќе се заокружат преговорите и ако се носи некаква одлука на Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.