Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во емисијата „24 отворено“ вечерва рече дека пресметките за минималната плата се прават врз основа на метологодија која е донесена во маерт 2022 и оти тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение.

Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на минималната плата. согласно податоците од ДСЗ. Очекуваме да биде околу 20 200 денари минималната плата, значи ќе имаме минимална плата над 20 000 денари. Во март 2023 ќе имаме двојно зголемување на минималната плата во некои сектори кои исплаќаа по 8000 денари плата во 2017 – рече министерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.