Трпе Дејановски од Синдикатот на УПОЗ вечерва во емисијата „24 Отворено“ рече дека вредноста на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство, во која не влегуваат трошоците за возење и одржување автомобил, во моментов изнесува 51.234 денари.

Според пресметките на Синдикатот, минималната плата во март треба да се зголеми за 2.700 денари.

Според пресметките, неофицијални, од Министерството за финансии, таа ќе порасне за 1.800 денари. И да порасне минималната плата, две минимални не ја стигаат минималната синдикална кошница. Минималната плата треба да биде 26.000 денари за да може едно четиричлено семејство без автомобил да го издржи месецот, вели Дејановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.