Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, заедно со пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска, остварија средба со претставниците од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

На средбата КСС предложија амандман со кој треба да се интервенира во Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2022 година, а кој се однесува на обезбедување на 1 милијарда денари за финансиска поддршка за вработените во приватниот сектор и тоа за вработени кои имаат нето-плата од 18 000 до 21 000 денари, три месеци по 3000 денари и за вработените кои имаат плата од 21 000 до 24 000 денари,три месеци по 2000 денари.

Овој амандман е резултат на огромната инфлација и неможноста на работниците да ги обезбедат своите животни трошоци.

Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе го предложиме овој амандман се со цел да обезбедиме повисоки плати и на вработените во проватниот сектор.

Апелираме до парламентарното мнозинство да се приклучи кон овој предлог амандман со што ќе покажеме дека сите работници во Република Македонија заслужуваат еднакви права.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.