Има алармантен податок дека околу 400 милиони евра е долгот на владата внатре во рамки на институциите, но и кон приватниот сектор. Тоа е сериозен внатрешен долг. Ова се податоци кои се транспарентни, нека ме демантираат ако не е така, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски истакна дека да биде попрецизен бројката е точно 389 милиони во четвртиот квратал и тоа се сериозни податоци кои се алармантни.
-Ова се сериозни податоци, не е ова гола бројка, ние имаме внатре правни субјекти кои меѓу себе се должничко доверителски поврзани. Сега ако јас вас не ве платам, вие ќе доцните со плата на вработените, ако вработениот не земе навреме плата, нормално е дека ќе има лош квалитет на живот за него и за неговото семејство. Ќе мора се скрати од буџетот иако заработил, нагласи Мицкоски.
Во врска со пакетите мерки на власта, Мицкоски изјави дека власта нема мерки со кои ќе стимулира да речеме вработување и да ги задржат вработените.
-Немаат мерки кои ќе им помогнат на компаниите да ги задржат работните места и да не ги отпуштаат вработените. Во овој пакет нема мерки кои ќе се стимулираат да се обезбедат работните места, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.