Владата не ја говори вистината кога зборува дека инфлацијата е увезена и дека ја субвенционира цената на струјата за граѓаните и стопанството, пишува на својот Фејсбук профил, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Факт!
Според eurostat во првата половина од 2022 година цената на струјата која ја плаќа македонското стопанство е највисока споредено со земјите во регионот. Имено, ако се спореди цената на струјата што ја плаќаат македонските компании со таа што ја плаќаат компаниите во Турција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина е највисока (слика 1).
Според eurostat македонските компании во првата половина од 2022 година плаќале цена од 168,5€/MWh и таа е повеќе од три пати поголема од цената на струјата што ја плаќале пред пет години во првата половина од 2017 година кога била 52,4€/MWh (слика 2) и споредено со таа што ја плаќале компаниите во Турција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина е најниска (слика 2).
Заклучок: Со владата на СДСМ македонските компании плаќаат за повеќе од три пати поголема цена на струјата споредена со периодот од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Инфлацијата, високите цени, криминалот, корупцијата и незнаењето се резултатите од работата на СДСМ/ДУИ. Потребна е нова влада за крај на оваа агонија и економско цунами. Потребни се предвремени избори за крај на поразите на Македонија. Има надеж, имаме знаење, потребна е промена за Македонија да почне да победува…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.