Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Кочани го прокоментира проектот Чебрен. Според него тоа е новиот бонбона бизнис кој сака власта да го направи, односно преку проектот Чебрен сакаат да ја отуѓат како мираз хидроцентралата Тиквеш која што е изградена, исплатена со текот на времето и сега произведува електрична енергија.
Според Мицкоски ова е погрешен потег и погрешна политика од страна на власта.
Тоа е тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен, но како мираз да ја дадат ХЕЦ Тиквеш, односно хидроцентралата Тиквеш која што е изградена, исплатена со текот на времето и сега произведува електрична енергија, струја чија што цена е помеѓу 7 и 12 евра за мегават час. За да бидеме попрецизни тоа е цената која што ги покрива оперативните трошоци на хидроцентралата минус депрецизација и амортизација. Отрпилика 7 до 12 евра, имајќи предвид дека денеска таа струја која што е многу квалитетна, пикова струја произведувате моќност тогаш кога е таа потребна , на берзата хупекс чини повеќе од 200 евра, значи разликата би била точно 200 евра. Јас говорев на едно интервју вчера дека таа разлика е 100 евра за мегаватсаат нека биде, нека не биде 200 евра. Тоа се сериозни милиони, народни пари кој што некој сака на некого да му ги подари. И тоа е погрешна политика и е погрешен потег, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се занимава со евентуален договор кој што би го потпишала оваа влада и сериозно ќе го ревидира и нема намера во најмала рака хидроцентралата „Тиквеш“ да се даде како подарок на потенцијалниот инвеститор на хидроцентралата Чебрен.
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се занимава со евентуален договор кој што би го потпишала оваа влада и сериозно ќе го ревидира и немаме намера во најмала рака хидроцентралата „Тиквеш“ да ја дадеме како подарок на потенцијалниот инвеститор на хидроцентралата Чебрен. Доколку сакаат да ја градат Чебрен, нека ја градат Чебрен, но без Тиквеш, Тиквеш да си остане во производното портфолио на АД ЕЛЕМ, така што еве до инвеститорот и до сите треба да знаат дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ може да поддржи изградба на хидроцентралата Чебрен но без Тиквеш, Тиквеш мора да остане на граѓаните и заграѓаните. Грешна еднашка се направи со првиот бонбона бизнис кога им се даде на приватни компании Калиманци со кој што се наводнува од Каменица до Лозово, практично целиот исток потоа се даде Турија струмичка каде што струмичко-радовишко поле се наводнува, се даде Матка во Скопје и така натаму и така натаму. Ова би требало да биде вториот бонбона бизнис, ние како ВМРО-ДПМНЕ и идна влада треба да им биде јасно и на потенцијалните инвеститори дека немаме намера тоа да го почитуваме, односно доколку сакаат Чебрен да ја градат кај нас ќе имаат пријатели ќе им помогнеме, за се што сакаат сме тука, во форма на логистика, пристапни патишта, трафостаници, далноводи и слично, но ХЕЦ Тиквеш мора да остане да биде сопственост на државата затоа што од ХЕЦ Тиквеш се наводнува целата тиквешија, сите оние луѓе кој што преку лозарството практично ги хранат своите семејства и нема да дозволиме тие да зависат од приватен инвеститор, кога ќе сака и како ќе сака да им пушта вода, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.