Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител, објасни дека платите во државава се регулираат со колективни договори, а не со одлука на влада, како што во јавноста сакаат да претстават од власта.

Ќе ги зголемувале платите. Платите се регулираат со колективните договори. Останатото е ветер и магла.

 

Излегов на прес-конференција, направив симулација за нивелирањето на платите на вработените во градинките, основните и средните училишта.

 

Нека ги нивелираат платите и ние ќе ги поддржиме. Но, сакаат да протнат неквалитет со укинување на приправничкиот стаж – истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.