Најпрвин сакам да изразам задоволство за овој преубав настан, овдека овие денови организиран во Кавадарци, поради причината која што сите сме овдека собрани, а тоа е Тиквшекиот гроздобер и карневалот кој што еве како што може да слушнам од претставниците на светската организација после подолго време повторно се одржува, после две години пауза поради короната, нели, повторно се одржува и јас посакувам  и тој да биде успешен, нека се забавуваат гостите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Тиквешкиот гроздобер.

Знам дека изминативе денови луѓето се забавуваа, десетици илјади  наши сограѓани но и останати гости од соседството кое што се придружија на овој преубав настан  се забавуваа. Мислам дека беше прекрасно, очекувам и денеска да биде така и да посакам уште многу многу вакви успешни настани кои што ги организира општина Кавадарци и градоначалникот тука и нормално уште многу години повторно да се среќаваме и да си го честитаме овој  ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.