Напуштањето на скалестото оданочување беше барање на ВМРО-ДПМНЕ кое по голем притисок од јавноста Владата го прифати. Законот е доставен од Владата во собраниска процедура и тој помина во Комисијата за финансирање и буџет која ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Свети Николе.
Според него тоа е добро посебно затоа што се случува во време на криза.
И тоа е добро што барем во овие моменти на криза ќе имаме некаква предвидливост за да може бизнисот полесно да функционира, за да можат граѓаните да ги зачуваат работните места. И тоа е добра вест која се случи на предлог и барање на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека се случи уште една измена, а тоа е одложување на данокот или со кој требаше да се оданочуваат капиталните добивки преку издавање на недвижнини, потоа банкарски депозити.
Тоа повторно е олеснување и за бизнисот и нешто кое беше повторно на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.