Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите објави дека ВМРО-ДПМНЕ преку контакти во Швајцарија, Германија и Чешка нашле поевтини количини на мазут и природен гас. Тој потенцираше дека оваа понуда важи во текот на оваа недела. Затоа очекува Владата да реагира најбрзо што може.
– Од Западна Европа пронајдовме мазут за ТЕЦ Неготино кој ќе може да обезбеди од 160 до 180 мегавати моќност, но електричната енергија да му се отстапи на бизнисот. Мазутот ќе биде за 200 евра поевтин по тон и заштедите ќе бидат 40 милиони евра, вели Мицкоски.
Според него гасот кој би се обезбедил ќе биде од Гаспром, како главен снабувач со гас. Транспортот, пак, би бил преку Крива Паланка.
– Можеме да договориме 250 милиони нормални метри кубн гас за централата ТЕ-ТО. Цената на гасот би била нешто повеќе од 200 евра. Инаку, во мометов за гасот што Владата го преговара со Србија треба да платиме повеќе од 700 евра, а притоа со тој купопродажен договор земјава треба да врати струја тврди Мицкоски.
Вкупните заштеди доколку се прифати понудата на ВМРО ДПМНЕ, според пресметките на Мицкоски, би биле 300 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.