На Меѓународниот aеродром Скопје в недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската „Луфтханза“, со што и ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар.

Како што информираат од ТАВ Македонинија, отворањето на новата линија ќе биде одбележано со слетување на првиот авион на Луфтханза од Франкфурт на скопскиот аеродром.

Предвидено е на настанот да присуствуваат и да се обратат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата Луфтханза Петер Пулем.

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок. Од ТАВ Македон

Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана. „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.