Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор, дециден е директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Тој е сигурен дека дури и повеќето градови во внатрешноста се подобро организирани и украсени, а тоа дава лоша слика за туристичката понуда на една метропола.
Сите градови во соседството знаеја што ќе им понудат на посетителите уште на почетокот на ноември, а тоа придонесе нивните капацитети да бидат распродадени на крајот од минатиот месец, како на пример во Ниш, Србија. Нема настани, нема манифестации кои може да ја збогат понудата, а тоа значи дека голем број македонски граѓани ќе се забавуваат надвор од земјава – вели директорот на АПТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.