Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се отповикува производот УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1. Увозник и дистрибутер на производот е ланецот супермаркети Стокомак.

-Сериски број/лот- LOT FD04. Датум на производство: 05.10.2022. Рок на употреба: 04.03.2023. Причина за отповикување: присуство на афлатоксин М1. Производство: МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА МИ 99 – ГРАДАЧАЦ, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, СО ОДОБРЕН БРОЈ ML 2-166. Увозник: СТОКОМАК ДОО СКОПЈЕ. Дистрибутер: СТОКОМАК ДОО СКОПЈЕ Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, соопштија од АХВ.

Од ланецот супермаркети синоќа упатија апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

-Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати. Ние ги почитуваме нашите надлежни институции и истото веднаш е повлечено од промет. Поради овој огромен пропуст нашата компанија повеќе нема да соработува со оваа млекара. Се извинуваме на сите наши ценети потрошувачи за овој пропуст кој нема да дозволиме да се повтори во иднина. Воедно ве информираме дека од овој производ како и останатите Милкано производи ен се спорни во овој случај, информираа од Стокомак.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.