Косовскиот премиер, Албин Курти, на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, меѓу другото зборуваше и за добрите односи меѓу Косово и Македонија кои, според него, се рефлектираат во „континуираниот раст на трговијата“.

„Добрите односи меѓу нашите две земји се рефлектираат и во континуираниот пораст на трговската размена, која во 2023 година достигна над 432 милиони евра, што е извонреден пораст од 52 отсто во однос на 2019 година, каде што изнесуваше 284 милиони евра. Зголемена е и комерцијалната размена во смисла на извоз од Косово во Македонија, од 44 милиони во првата година пред пандемијата 2019 година на 121 милион во последната 2023 година, што е зголемување за 175 отсто“, рече Курти.

Курти нагласи дека меѓу двете земји досега се потпишани над 50 договори и меморандуми кои „ни понудија уште повеќе меѓусебно, но она што треба повеќе да го нагласиме е нивното целосно и прецизно спроведување.

Курти го спомена и автопатот Блаце – Скопје.

„Го поздравуваме конечното завршување на изградбата на автопатот од Блаца до Скопје, преостанатите 10 километри кои би ја поврзале автопатската мрежа во МВ со автопатот Арбен Џафери на Косово и заедно се обврзуваме на имплементација на тунелот што ги поврзува Призрен со Тетово, оваа заложба веќе ја добија и другите две земји“, рече Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.