Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбеднос, апелираше да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.

Тој порача дека Владата размислува копањето криптовалути да го забрани со закон.

За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Се додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со систе соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи на крајот на денот соседите се тие кои што први треба да си помагаат – изјави Ковачевски.

Пред осум месеци, косовската влада го забрани копањето на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со енергетска криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.