Го испорачавме и го надминавме нашето ветување за просечна плата. Во новата програма за новиот мандат на СДСМ, нашето изборно ветување е просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра а ќе ги зголемиме и пензиите, порача вечерва од Струмица претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Пензионерите заслужуваат вреднување на својот минат труди и да имаат подобар животен стандард. Во новиот мандат пензиите ќе растат уште повеќе, рече Ковачевски.

Тој изјави дека мерките и политиките на СДСМ со коишто се покачиле платите и пензиите на историски највисоко ниво, но и успешно се заштитил стандардот на граѓаните во време на глобална криза.

-Успеавме, со креирање на соодветни мерки, да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите и да ги заштитиме работните места. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата. Инфлацијата веќе е 3%, со месеци е на ниво како пред кризата, што значи нашите мерки дадоа резултат. СДСМ покажа дека може да испорача резултат и дека ги исполнува своите ветувања, рече Ковачевски. З



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.