Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата – порачува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Ковачевски вели дека Предлог-буџетот не само што е реален, туку е и рационален и скроен да одговори на предизвиците поврзани со енергетската криза.
Ние денес не живееме во благосостојба, туку во глобална криза и ни престои уште една тешка и кризна година. Од овој буџет јас очекувам резултати. И ќе инсистирам да ги има – вели Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.