Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.
Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72 проценти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.