„Во план е изградба на гасна централа, за што ќе има понуди од странски ивеститори, а Владата ја разгледува и можноста за трансформација на постојните термоелектрани во гасни електрани“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ваквите проекти треба да бидат разгледани од стручни лица, но дека странските кредитори веќе не финансираат извори на енергија кои загадуваат.

Во втора фаза е и историскиот проект Чебрен, за кој има реномирани меѓународни фирми кои испратија понуди. Во тек се анализите, а имаме девет големи светски компании кои се заинтересирани за проектот, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека службите прават се што е потребно за овој проект да успее и да влезе во фаза на проектирање и изградба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.