Буџетот 2023 е основа за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Македонија. Буџет од кој се очекуваат резултати, истакна премиерот Димитар Ковачевски, во објава на Фејсбук.

Ковачевски посочува дека се обезбедени средства за раст и развој, за реформи, трансформација на општеството и забрзана евроинтеграција.

– Со напорна работа, нема недостижна цел!, порачува премиерот.

Во собраниската Комиисја за финансирање и буџет утре е шестиот ден од амандманската расправа по Предлог буџетот за 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.