Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска на прес конференција го објасни начинот и роковите за пријавување на општините за инфраструктурни проекти.

„Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патна инфраструктура, како и од областа на социјална политика и образованието. Рокот за пополнување на формулар е седум дена, и истиот пополнет со проекти од страна на општината треба да се достави до Министерството за локална самоуправа. Потоа во рок од 10 дена целосната документација од страна на општините се доставува до ресорното министерство од областа на проектот каде ќе се врши евалуација на истиот. Евалуацијата се очекува да заврши во период не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства подготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница“, вели Перински.

Како што додава, средствата ќе се доделат преку шест ресорни министерства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.