Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем. После целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на REK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција – соопштија од одделението за Односи со јавност во РЕК “БИТОЛА”.

Тие додаваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период.

Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат било каков коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор – коментираат тие.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.