Лични и Деловни Заеми – Главни Разлики, Услови и Карактеристики

Доколку сте заинтересирани за аплицирање за кредит, би било добро да знаете кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми, како и условите за подигање ваков тип на кредити. Во продолжение ќе објасниме како да разликувате меѓу личен заем и деловен заем и кои се условите за овие кредити.

Кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми?
Со оглед на тоа што станува збор за два различни видови на кредит, личните и деловните заеми воглавно се разликуваат во нивната намена, износот на заем, условите и каматите, процесот на аплицирање, осигурување и слично.

Но, кога е потребен деловен заем и кои се поволни лични заеми во зависност од вашите потреби? Главните услови и разлики меѓу личен и деловен заем се:

Намена

Личен заем, што би можело да биди и во форма на брз кредит, се користи за лични потреби и представува финансирање за покривање лични трошоци, како консолидација на веќе постоечки долгови, финансирање на големи купувања, реновирање, поправки, медицински и останати неочекувани трошоци.

Деловен заем, од друга страна, представува кредит за фирма кој се користи за проширување на бизнис, отворање нови локации, обезбедување обртни средства за управување, финансирање маркетинг активности, развој на нови производи и услуги, итн.

Кредитоспособност
Кај личните заеми, банките и финансиските друштва задолжително ја проверуваат кредитоспособноста на поединецот кој аплицира за потрошувачки кредит. Исто така, се проверуваат и други фактори, како кредитната историја, приходите и личните долгови.

Кај деловни заеми, кредитоспособноста се базира на кредитната историја на бизнисот, односно фирмата, неговата профитабилност и деловна стратегија. Во некои случаеви, може да е потребна и лична гаранција од сопственикот на бизнисот.

Износ на заем
Износот на заем во лични и деловни кредити драстично се разликува. Додека личните заеми почнуваат со минимален износ од неколку стотици евра, деловните кредити најчесто започнуваат од суми како 5,000 евра за помали бизниси, или над 50,000 евра за поголеми компании.

Кај личните заеми, како фактори што влијаат на износот ќе ги споменеме кредитната историја, стабилноста на приходите, тековните долгови, и моменталната финансиска ситуација на кредитобарателот. Додека пак, кај деловните заеми, фактори кои влијаат на износот на заемот се големината на бизнисот, профитабилноста, кредитната историја, деловниот план, залог, осигурување итн.

Услови и камати
Кај личните заеми, каматните стапки се фиксни или варијабилни, додека рокот на отплата е типично краток и варира од 1 до 10 години. Кај кредит за фирма, условите и каматите се најчесто одредени зависно од природата на бизнисот, типот на заемот и други индивидуални фактори. Роковите за отплата се најчесто подолги од оние кај потрошувачки кредит, особено кај заеми на повисоки износи.

Процес на аплицирање
Процесот на аплицирање за личен заем е брз и вклучува минимална документација. Од друга страна, деловните заеми имаат долг и сложен процес на аплицирање и обемна документација која се состои од бизнис планови, финансиски извештаи, докази за деловна активност и други документи зависно од индивидуалниот случај.

Заклучок

Бидејќи деловните и личните заеми се дополнителни финансии за две различни категории на корисници, од исклучителна важност е да се знае кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми како и условите за нивно аплицирање и отплата.

Меѓу главните одлики на овие два типа на кредити, најлесно ќе дознаете како да разликувате меѓу личен заем и деловен заем според тоа што личните кредити се за физички, додека деловините за правни лица. Условите, износите, и каматите се најчесто одредени во зависност од индивидуални фактори на корисникот на кредит, но се често изработени по најповолните услови, како за кредитобарателот, така и за кредитодавателот.


Комерцијална објава


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.