Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, во емисијата Само Вистина на Канал 5 ТВ, изјави дека разликата меѓу влада на СДСМ и влада на ВМРО-ДПМНЕ е токму способноста и неспособноста на СДСМ да се спроведат декларираните цели, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој или не. Клековски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има демонстрирано оти може да ги достигне целите што ги има зацртано.

Тој додаде дека енергетиката е една од важните прашања во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, делумно и заради енергетската ситуација во Европа, како и дека времето на евтин гас е завршено поради што е неопходно барањето на нови извори на енергија вклучувајќи ја и зелената транзиција.

Во нашата енергетска програма РЕК Битола е уште столб во наредниот период меѓутоа тоа е за да добиеме време да ја направиме другата транзиција вклучувајќи ги и ветерните паркови. Овој ветерен парк е еден од трите ветерни паркови кои се наведени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ а има и приватни иницијативи за ветерни паркови“, нагласи Клоковски.

Тој нагласи и дека инвестицијата во ветерниот парк е стабилен извор на енергија и долгорочен проект кој дава енергетска независност и поевтина енергија.

Ова за Македонија значи стабилен пристап до енергија, второ би значело поевтин извор на енергија во моментот што е битен за економијата, но мораме да работиме на нови проекти за енергетска независност и поевтинување на енергијата заради општата конкурентност и ова се долгорочни проекти. Ова важен дел од сувереноста за наредниот период“, истакна Клековски.

Тој исто така кажа и дека со ова ниво на корупција нема ниту ЕУ ниту европски развој и затоа неопходна е борбата со корупцијата и справување со криминалот.

Мораме да работиме на искоренување на криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ уште со техничката влада покажа дека има волја и капацитет да се справува со тоа“, кажа Клековски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.