Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, беше заклучено денеска на состанокот организиран од ЕК. Првите намалувања на цените се очекуваат веќе во летото следната година.
Пред учесниците на средбата се обратија и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, европскиот комесар за внатрешен пазар Тјери Бретон и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.
Роамингот во регионот беше укинат на 1 јули минатата година, по што забележано е зголемување на бројот на корисници на услугите во роаминг за 100%, како и зголемување на сообраќајот на податоци во роаминг и до 460%.
„И покрај мерките за ограничување на патувањето, забележавме значително зголемување на сите показатели за користење на роаминг благодарение на режимот ‘роаминг како дома’, во однос на појдовни и дојдовни повици, СМС пораки и пренос на податоци“, рече Брегу.
Таа изјави дека корисниците во роаминг од Западен Балкан оствариле вкупно 143 милиони минути појдовни повици во 2021 година, или приближно двојно повеќе во споредба со 2019 година.
„Минатата година, повторно заедно, почнавме интензивно да работиме со Европската комисија и мобилните оператори за намалување на цените за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан во рамките на отворен, транспарентен, инклузивен консултативен процес кој ги вклучи сите актери, и се надевам дека првите намалувања на цените на роаминг ќе ги видиме веќе во летото 2023 година“, изјави таа за Брегу.
Таа наведе дека целта на процесот, преку реформи во политиките во сите економии на Западен Балкан, е директна придобивка за граѓаните од регионот и ЕУ, но и подобрување на деловното опкружување во Западен Балкан.
„Точно е дека намалувањето на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан е покомплексно од укинувањето на роамингот во регионот, но нашите влади го завршуваат својот дел од работата во овој процес и на тој начин испраќаат многу јасна порака за важноста тие се врзуваат за подобрување на деловното опкружување“, заклучи Брегу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.