Европската унија (ЕУ) од 2026 година ќе почне да наплаќа т.н. јаглеродна давачка при увоз на стоки чие производство е поврзано со високи емисии на CO2, изјави Златко Ветеровски од Царинската управа во вечерашната гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој смета дека новата регулатива ќе има големо влијание и на трговските односи меѓу нашата држава и Европската Унија.
– Македонските компании ќе бидат соочени со еден вид, од почетокот на јануари во 2023 година, известување на колилината на јаглеродна содржина, а од 1 јануари во 2026 година ќе биде воведена некој вид на еколошка такса. За тој период од три години треба да ги најдеме најдобрите механизми како македонските компании да ги избегнат тие давачки и што треба ние да направиме за да ја задржиме конкурентноста. Да не заборавиме дека македонскиот извоз е отприлика 800 милиони евра и тоа е нешто помалку од една десетина од вкупниот македонски бруто општествен производ, посочува доктор Ветеровски.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини потенцираше дека ниту во Европската Унија нема целосна употреба на обновливите извори и во Европката Унија има енергенси кои се произведени од јаглен, од гас, нафта, итн.
– Не велам дека тоа е ОК за нас. За жал, тоа е состојбата. Ние сме свесни дека 70 до 75 отсто од енергенсите ги произведуваме сами, другото го увезуваме. Така било секогаш. Не сме инвестирале доволно како држава. Не зборувам за оваа влада или за другите влади, туку збирно. Уште го користиме РЕК Битола, РЕК Осломеј, за жал сега и ТЕЦ Неготино поради енергетската криза. Нашите амбиции за Парискиот договор се големи, но подготвени сме да ги реализираме и нашите цели се 51 отсто до 2030 година, истакна министерот Нуредини во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.