Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава.

-Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.

Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.