Во изминатите 10 месеци успеавме да ја спасиме македонската економија и во ек на најголема криза да ги помогнеме граѓаните и компаниите. Со економските политики за наредната година, преточени преку Буџетот антикризните мерки ги комбинираме со политики за повторен економски раст рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.
– Преку планираниот Буџет ќе обезбедиме сигурност, стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст. Успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од неа, но и ќе овозможиме и раст на животниот стандард, брзо закрепнување и нов пат на развој. Платите и пензиите ќе растат и наредната година. Само за пензионерите во Буџетот се предвидени 120 милиони евра повеќе во споредба со лани. Во Буџетот се обезбедуваат 250 милиони евра средства за антикризни мерки, 120 милиони евра повеќе за пензионерите, 57,5 милиони евра повеќе за општините, 63 милиони евра повеќе за здравствени услуги. Во Буџетот за наредната година се проектирани 52,3 отсто повеќе капитални расходи во однос на 2022. Предвиден е раст од 5 отсто за плати, каде е вклучено зголемувањето на минималната плата вели Каевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.