„Ајде да анализираме со бројки кои што баш ја покажуваат кондицијата на фирмите и дали енергетската криза и трошокот од цена на електрична енергија не ги погодила фирмите. На регулиран пазар се 70.000 правни субјекти со кои што и ние имаме комуникација со сите нив, и викаат ние не плаќаме евтина струја. Колку е струјата на сите мали бизниси на кои што е регулирана? Во Србија е 100 евра за мегават, а во Босна и Херцеговина е 65 евра, ајде Босна и Херцеговина извезува и е нето извозник, а Србија и увезува одреден процент на струја. А, Косово е 70 евра за мегават, Бугарија е 128 евра за мегават, а ова се податоци од Стопанската комора. Романија плаќа 180 евра за мегават, Грција е 220 со тоа што го субвенционира остатокот. Ова се податоци за струја за бизниси по мегават на час во регионот колку се плаќа. Македонија и на регулиран пазар, малите фирми плаќаат 230 евра за мегават на час“, истакна Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Кадиевска Војновиќ додаде дека бизнисите имаат најскапа струја во регионот.

„Дали се справуваме добро со кризата? Не се справуваме, а набргу на населението ќе му стане јасно. Не сакам да звучам апокалипстично, ниту да стварам паника меѓутоа набрзо ќе си ги имаме рестрикциите, бизнисот нема да биде субвенциониран поради тоа што државата не обезбеди навремено средства. Заради тоа што за да го платиме енергенсот и струјата ни се потребни средства. Значи проблемот е во менаџирањето“, нагласи Кадиевска Војновиќ.

Таа посочи дека 25% план на раст на производство годишен на ЕСМ е од најниско споредбена основа од 2001 година.

„Ние од буџетот за населението трансферираме средства за увоз и скапи енергенси кои не се набавени на време“, рече Кадиевска Војновиќ.

Таа рече дека планот на Христијан Мицкоски не е само за мали туку и големи бизниси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.