Инфлацијата може да падне, но цените никогаш нема да се вратат на цените пред една година. Цените се ригидни, тие само растат а не паѓаат. Се сеќаваме на времето на Југославија кога имавме хиперинфлација. Цените никогаш не се вратија, како што ни сега нема да се вратат. Она што е битно е да се заузда инфлацијата. Сега ифлацијата е 13 отсто, пред два месеци беше 17 отсто, а треба да падне на 2-3 отсто и тогаш може да кажеме дека економијата е добро, вели Бранимир Јовановиќ, од Виенски институт за меѓународни економски студии во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Она што треба да го направи Владата е да ги покачи платите. Единствен начин да јадете како што сте јаделе како лани е да се покачат патите. Се покачија пензиите, минималните плати и социјалните давања, а и сопствените плати си ги покачија, но платите во приватниот сектор не се покачуваат тврдоглаво, вели Јовановиќ и додава дека е нужно да се овозможи трошење за да функционира економијата.
Јовановиќ вели дека се зачудил кога видел дека млекото чини исто колку во Виена и додава дека трговците премногу ги напумпаа цените искористувајќи ја кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.