АД ЕСМ во текот на изминатото деноноќие произвеле 9.712 мегават часови електрична енергија.

Како што информираат од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 7.320 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.392 мегават часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 мегават часови електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.