Министерството за транспорт како единствен акционер на АД МЕПСО, ги назначи новите членови на Надзорниот одбор на компанијата, соопштија од таму.

За членови на Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем – во државна сопственост Скопје, избрани се: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.

На вчерашната седница, Надзорниот одбор ги избра членовите на Управниот одбор и тоа во состав: За претседател на Управениот одбор и директор е назначен Бурим Љатифи, заменик директор Александар Пауноски, а за членови назначени се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници.

Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.