По постигнувањето на договор за зголемување на минималната палта на 18.000 денари, работодавачите упатија забелешки дека тој договор, заедно со „недела неработен ден“ и економската и енергетска криза, многу ќе го чини бизнисот и бараат да се постигне компромис токму за неделата како неработен ден.

Претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Дрилон Исени вели дека во државата има премногу неработни денови.

Aко го погледнеме календарот, имаме 52 недели, 14 национални државни празници и 11 верски. Тоа се 67 неработни денови. Знаете ли тоа што значи за бизнисот, рече Исеини во Топ тема.

Но, за потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски, тоа е несериозен пристап, затоа што еден ден во неделата за одмор на работниците е нужниот минимум.

Истото ги чини и работниците. Дали сметате дека 110.000 работници кои што сега се на минимална палта ги интересира и другата страна, како вас што ве интересира? Бидете еднаш реални и исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците. Затоа од 10.000 работници на минимална плата за овие години дојдовме до 110.000, вели Пешевски.

Потпретседателот на ССМ, категорично ја отфрли идејата за постигнување компромис за недела како неработен дек и смета дека работодавачите не сакаат да разберат дека одморениот работник е попродуктивен работник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.