Вкупно 12 иновативни мали и средни компании од Македонија, Грција, Кипар и Бугарија денеска во Скопје ги претставија своите активности пред потенцијални инвеститори, комерцијални банки и универзитети денеска во рамки на првиот Меѓународен инвестициски форум, во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со партнерските организации во рамки на Проектот „Газели – организирање забрзан раст за потенцијалните иновативни МСП“.
Проектниот координатор на „Газели“ и професор при Националниот и Каподистријански универзитет во Атина, Грција, Антонис Ливиератос, изјави дека проектот нуди поддршка во форма на менторство и едукација на иновативни компаниите кои имаат брз потенцијал за раст.
Главна цел е приближување на овие компании со бизнис ангели – лица кои може да инвестираат во овие компании – изјави Ливиератос.
На форумот денеска учествуваат три компании од Грција, кои нудат повеќе иновативни решенија кои би можеле да бидат применети и во компаниите во Македонија.
Првата компанија е „Kleesto“, која нуди софтвер за бизниси кои работат во туризмот. Втората компанија е „Project Parenting“, која претставува едукативна платформа што нуди содржини за луѓе кои ќе станат или се родители и им помага и советува во областа на родителството. Третата компанија е „Dataphoria“, која нуди аналитички услуги за компании кои сакаат да бидат еколошки и социјално поодговорни – изјави Ливиератос.
Главната цел на Форумот е да се охрабрат и да се поддржат иновативните и брзорастечки мали и средни компании, бизнис-ангели (БА) од балканско-медитеранските земји – Македонија, Грција, Кипар и од Бугарија, со можност да бидат поконкурентни на пазарот и да ја зајакнат соработката со другите странски компании, особено со земјите од балканско-медитеранската област.
Крајната цел на Проектот е воспоставување балканска мрежа за поддршка на иновативните брзорастечки компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.