СДС се одлепени од реалноста. Додека држат прес конференции над 500.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата.Инфлацијата е 17,1 проценти и покачувањето на платите и пензиите со кое се фалат нема никаква додадена вредноста. Инфлацијата им ги јаде парите на граѓаните.

Доколку навистина водеше грижа за платите и пензиите и животниот стандард на граѓаните, тогаш немаше да дозволат поради суета и кавги во владата да изгубат 18 милиони евра заради пропаѓање на еврообврзницата.Со 18 милиони евра изгубени од еврообврзницата можеше за поголем процент да се зголемат и платите и пензиите на пензионерите, анализира ВМРО-ДПМНЕ.

Со 18 милиони евра изгубени можеа да им помогнат на граѓаните со вистинско намалување на основните прехранбени производи, а не само на некои производи.

Или пак со пропаднатите 18 милиони евра власта можеше да изгради10 училишта, 15 здравствени амбуланти или 10 градинки.

СДС се тотално забегани. Нивната неспособност ја плаќаат граѓаните.

Колку побрзо заминат, толку подобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.