На денешната трибина насловена „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“ која се одржа во просториите на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиевска во своето обраќање истакна дека влегуваме од криза во криза и лично не верува дека повеќе ќе следат добри времиња. Таа ист така рече дека во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, во првите години се занимавале само со едно прашање како да воопшто немало министерство за финансии или други министерства за секое секторски да си делува и да ги решава проблемите.

– Она кое е донесено сега како сет-мерки, 23, за надминување на кризата со која се соочуваат стопанствениците и компаниите, гледаме дека сите очекуваат во криза сега и веднаш да се делува, а од овие 23 мерки може да забележиме само три или четири мерки кои се однесуваат на делување сега и веднаш на поддршка на граѓаните, а една од нив 1000 денари на пензионерите, на лицата кои користат социјална помош 1000 денари и тоа три месеци. Тие веќе ја добиваат втората поддршка а поддршката ќе трае уште еден месец. Сите тие сет мерки кои што се конкретни и директни се само за шест месеци и нема ниту една до крајот на годинава, а таму најголемиот број на мерки се на среднорочен и на долгорочен план. Една од мерките е да се подобри регулативата за искористување на фотоволтаици на електрична енергија од природни извори. Она кое сакаме да го потенцираме е во време на криза ни требаат конкретни и јасни стратегии кои реално ќе му помогнат на стопанството и реално ќе бидат во онолкав износ колку што се кажува, а не онолку колку што тие сами меѓу себе можеле да си распределат. Дел од овие 23 мерки се и препораки, како на пример граѓаните да ја користат електричната енергија домаќински итн, што е далеку од нешто што конкретно ќе му помогне на стопанството. – кажа Илиевска.

Илиевска додаде и дека може да се видат и ефектите од помпезно најавуваниот проект минимална плата и субвенционирањето од страна на владата. Рече дека првично станувало збор за 70.000 лица по проценка на владата кои земале минимална плата и дека тука најпрво има нерамноправност во приватен и во јавен сектор.

– Кога во приватниот сектор каде што е целата целата тежина на собирање на даноци му наметнувате од први да ја зголемат минималната плата, тука има 3000 денари трошок на стопанственикот за лице а вие го субвенционирате само 1200 денари. Од 70.000 лица ги издвојуваме оние кои што се вработени во јавен сектор заради тоа што ниту едно лице во јавен сектор нема земено зголемена минимална плата од 18.000 денари, значи тежината е во приватниот сектор. Тие 70.000 лица не се само 70.000, нивните очекувања се скоро 10%, значи кое е тоа зголемување на минимална плата ако 70.000 лица планирале реализацијата е 10% на субвенционирање заради тоа што и таму имаше такви услови кои што имаше ограничувања. Ако претходно некое лице било поддржано од друга мерка од страна на владата, да биде исклучено од минималната плата, рече Илиевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.