Од 1 декември ја враќаме евтината тарифа за електрична енергија, напиша денеска министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, откако Регулаторната комисија за енергетика ја објави одлуката за дневната тарифа и новата цена на струјата.
Од Министерството за економија го пренесуваат постот на Бектеши и наведуваат дека нема зголемување на цената на струјата.
Како што објави Регулаторната комисија денеска вкупната цена на електрична енергија од 1 јули во првиот блок се намалува за 7,04 отсто. Вкупната цена на електрична енергија во вториот блок се намалува за 4,09 отсто. Цената на струјата во третиот блок се зголемува за 2,54 отсто и во четвртиот блок за 2,42 отсто. Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, се наведува во соопштението од Министерството за економија.
Евтината тарифа на електричната енергија ќе важи од 1 декември од 13 до 15 часот, а новата цена на струјата од 1 јули годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.