Оваа соопштение на владата денес за изградбата и отворањето на втората фабрика на Кемет Електроникс, со задоволство ме присети на две работи, истакнува поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, во врска со денешното отворање на фабриката на кое што беше актуелниот премиер Димитар Ковачевски.
Во продолжение целата објава на Груевски на неговиот профил на Фејсбук:
Не плукај по нешто со што утре можеби ќе бидеш горд на истото. Ќе ти биде непријатно!
Оваа соопштение на владата денес за изградбата и отворањето на втората фабрика на Кемет Електроникс, со задоволство ме присети на две работи.
Првата, кога почна градбата на мултинационалната компанија Кемет Електроникс во Македонија, претседателот на компанијата јавно истакна на говорницата во самата технолошко индустриска развојна зона дека претходно незнаеле ништо за Македонија и речиси имале донесено одлука за инвестирање во друга држава, кога случајно во хотелската соба при едно свое патување ја видел рекламата на CNN за инвестирање во Македонија.
Одкако ги слушнал основните услови за инвестирање само телефонски се јавил на своите соработници да испитаат дали сето тоа е точно.
Одкако испитале и го информирале дека се е точно, плус дополнително ги провериле другите работи кои ги немаше во кратката реклама од 30 секунди, се донела одлука инвестицијата наместо во другата држава каде претходно планирале, да биде во Македонија. Така настанаа тие први директни 400 работни места во првата фабрика на американската корпорација Кемет Електроникс, кој заедно со втората фабрика ќе бидат 760 нови директни работни места.
И уште којзнае колку индиректни работни места.
Секако на сето ова му претходеше огромна реформа со која неколку години бевме прогласувани за една од 10 најреформски земји во светот од страна на светската банка во Вашингтон, со која меѓудругото значајно се намалија даноците и се воведе рамен данок, Македонија стана земја со најниска ефективна даночна стапка во светот од 7,4%, се спроведе регулаторна гилотина во неколку фази со која значајно поевтинија или се укинаа или забрзаа многу непотребни или долги процедури и трошоци кои бизнисот го направија многу полесен, поевтин и поедноставен, а Македонија се искачи во првите 10 држави во светот и меѓу првите пет земји во Европа на листата на Светска банка за леснотија во правење бизнис(Doing Business). Претходно бевме меѓу 90. и 100. место во светот на ова исто рангирање на Светската банка.
Ништо не ни дојде ниту случајно, ниту без многу труд, работа и знаење. Во овој случај уште поголемо ни беше задоволството што се покажа дека нашата одлука да земјата се рекламира за инвестиции и за туризам на CNN international и на други меѓународни медиуми се покажа за многу исправен потег(за жал веќе од 2017 година е запрено), иако и ова беше силно критикувано како непотребно трошење пари од тогашната опозиција а денес власт горда на американската фабрика за електронски уреди Кемет Електорникс.
Втората работа на која со задоволство се присетувам е што 80-90% од сите фабрики кои ги носевме доаѓаа со краткорочен и долгорочен план на околу 10 години кои ни го презентираа и со кој влегуваа во преговори со владата.
Краткорочниот план беше само нивната прва фабрика која сите од нив ја изградија уште во тие години, а дел од нив и втората, а среднорочниот и долгорочниот план содржеше уште најмалку една а често и две нови фабрики доколку им понудиме добри услови, па така кога преговаравме, преговаравме за условите за целиот пакет, односно за сите нивни фази во остварување на нивниот план.
Со обзир дека тоа се многу сериозни компании, невозможно е да излажат, и тие сите до една си ги реализираа или се во тек на реализација или пак им престои реализација на нивните ветени и преставени долгорочни планови за инвестирање во Македонија, што всушност се нови фабрики во Македонија.
Постојат повеќе причини зошто во последните шест години нема многу нови грин филд странски директни инвестиции кои ги пронашла, им пристапила и со своја активност и свои луѓе и политики ги привлекла актуелната влада (тука не влегуваат оние компании со кои ние ги бевме завршиле или привршиле преговорите, а инвестицијата се случи по нашето заминување од власт).
Но, тие причини не се тема на овој текст.
Мотото на овој текст е “неплукај по нешто со што утре можеби ќе бидеш горд со истото. Ќе ти биде непријатно!”
Го критикуваа начинот на кој ние привлекувавме инвестиции, преку министри кои ги привлеков од дијаспората со реално и одлично искуство во мултинационални компании.
Ги критикуваа промените во законите кои ги направивме за да привлечеме повеќе инвестиции.
Критикуваа и за тоа што во 34 града во светот пративме промотори за инвестиции кои секој ден тропаа на вратите на канцелариите на претседатлеите на компаниите за да им зборуваат за Македонија.
Критикуваа што правевме роуд шоу низ повеќе држави и градови за преставување на потенцијалите и условите за инвестирање во Макеоднија.
Критикуваа и за висината на почетните плати во тоа време, сме правеле робовладетелско општество и слично глупости, иако секојдневно објаснував дека политиката на големите корпорации е да тргнат со пониски плати и потоа постепено да ги зголемуваат. Сега во повеќето од овие фабрики платите се поголеми одколку надвор од зоните, а кај дел од нив меѓу најголемите во државата.
Го критикуваа рекламирањето на меѓународните медиуми на Македонија како потенцијал за инвестиции и бизнис, итн.
Денес се горди на плодовите од истото и честопати суптилно се обидуваат тоа да го прикажат како исклучиво сопствена заслуга.
Јас велам за втората фабрика на Кемет Електроникс сигурно и тие направиле нешто. Најмалку што драстично не им ги смениле условите за инвестирање во зоните и со тоа да ги избркаат, бидејки кога заминав од позицијата премиер, тие беа задоволни од нивната инвестиција во Македонија и условите за правење бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.