„Еколошки лажњаци“ и „Зелена мафија“ – вака аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов им се обраќа на еко-активистите кои бараа прекин на постапката за изградба на рудник за бакар во Иловица. Во последната колумна за Нетпрес, тој напиша дека овие активисти се добро обучени, пласираат манипулативни информации и креваат паника кај население.

– И замислете ги сега заканите. Дека рудниците ќе извршеле еко геноцид и затоа еко лажњаците нема да дозволат да биде отворен рудник на елегантен, ама неумолив начин без насилство. Ова не се зборови на активисти. Ова се зборови на интересџии. Кои интереси ги водат брзо се дознава. Еден таков пример е претходно прозваниот Мики Крстев кој очигледно револтиран што сум го спомнал ми одговара емотивно дека јас не сум знаел што е егзистенција со минимална плата. Ма немој? Искрено, и самиот знам дека е премногу „частење“ во две колумни по ред да се занимавам со ваков лик, но заради тоа што самиот, а богами и неговата партнерка, останати еко лажњаци кои се препознаа, упатија неколку суптилни закани кон мене, од „кикбокс пресметка“ и адвокатски дејствија, па затоа имам намера да им објаснам дека проценката им е погрешна. Јас не сум лажен. Сум поминал и сито и решето во животот. Од страв, за нивна несреќа, сум опериран одамна. Нивно право е да мислат дека некој ме купил (ако така им е полесно) арно ама нека не се лажат дека ќе ме уплашат и дека нема да го напишам и кажам тоа што го знам. Пораката до сите нив е, грешна Црква сте нашле за крстење. Многу не има, овој пат губите, истакна Грозданов.

Тој се осврна на економската исплатливост од постоењето на ваков рудник за бакар во Иловица, наспроти она што го тврдат дел од активистите.

– Овој Мики, кој веројатно заради возраста ја добил улогата на месинџер кој треба да создаде магла дека младите се против рударската индустрија, не уверува дека отворање на рудник е „луда идеја“ затоа што Струмичка котлина е загрозена, а истата ја рани Македонија. Значи, Струмичката котлина учествува со 11% во вкупното производство во гранката наречена земјоделие. Но, клучното прашање на кое Мики не одговара, е зошто тој лепчето не го вади во Струмичката котлина, туку во Комунална Хигиена Скопје? Нели е врвна манипулација да бараш земјоделците од Струмичко да се борат против „рудникот на смртта“, а Ти да си работиш во Скопје? Него, вака патем, дали Мики се вработил во Скопје преку политичката партија Левица? Ако е така, слушнал ли Димитар Апасиев за вработувањето на Мики, бидејќи едно од неговите стожерни програмски ветувања е вработување исклучиво преку оглас без никакви ургенции? Само да најавам дека заради правна хигиена Ана Марија Бранѓолица (односи со јавност во ЈП Комунална Хигиена Скопје) ќе добие серија прашања за тоа како се спроведува постапка за вработување во ова претпријатие, пишува Грозданов.
Според него, за нормален живот „се сите нормални прагматичари кои сакаат благодетите на Земјата да бидат рационални ползувани“. Тој додава дека доколку постои гранка која носи финансиски приходи, таа мора да се развива, а во случајот со Источна Македонија, како што дополни, таа гранка е бакарот.

Пишува: Виктор Грозданов

Целиот текст прочитајте го тука.


Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.