187 компании од прехранбената индустрија веќе десетина дена произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

Поосетно намалување засега немаме, признава на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Најпогодените, граѓаните, реагираат дека ова е само замајување и дека цените не само што не се намалија, туку цените на некои производи дополнително се зголемија, за со поскапување да се глуми поевтинување.

Производителите, пак, се правдаат дека овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени.

Во истата дебатна емисија, Сашо Дукоски, потпретседател на ССК вели дека токму поради ова, за некои производи ќе треба да поминат и до 90 дена за да се намалат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.