Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во министерството е отворена постапка за нова апликација.
-Веќе имаме една постапка каде што се изработува нова апликација преку која што сакаме да бидеме до крај транспаренти и да го отвориме целиот систем и на увид на другите институции да можат да, освен прикажувањето на тие документи од страна на превозникот, проверат во софтверските системи на Министерството дали таа документација е исправна, вели Бочварски.
Бочварски посочи и дека истото ќе биде отворено и за граѓаните со цел да можат да го проверат превозникот.
-Да може секој граѓанин кога ќе патува со ваков превоз, да провери дали тој автобус има и содржи валидни лиценци и изводи од лиценци кои што се издаваат кај нас во Министерството за транспорт и врски, вели Бочварски.
Тој додава дека граѓаните преку влез во системот на телефонот и преку внесување на таблицата на возилото ќе можат да ги проверат овие информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.