Гарип Каба е новиот в.д. заменик на директорот на Царинска управа. По предлог на министерот за финансии, на седница на Влада, е донесена одлука Каба да биде именуван за в.д. заменик на директорот на оваа Управа, која е во состав на министерството за финансии.
Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН пред еден месец посочи дека Каба ќе биде нов заменик директор на Царина. Каба е роден 1964 година во Велешта, Струга. Тој, според неговата биографија, е професор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.